Фудбал
Меси после доделувањето на Златната Топка: Лут сум ти, ги објави нашите приватни пораки, не ја менувај темата ку*кин сине!

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси по осми пат ја освои Златната топка и успеа уште еднаш да влезе во историјата. По церемонијата имаше обврски кон медиумите, а мораше да даде интервју и со шпанскиот стример Ибаи Љанос со кој претходно соработуваше.
MESSI PUTEANDO A IBAI EN DIRECTO JAJAJAJA.
— Puyi (@PuyiFCB) October 30, 2023
Сега со шеговит тон му кажа дека му е лут што нивните пораки јавно ги објавил и му посочил дека следниот пат нема да му одговори.
“Јас сум ти лут, Ибаи. Не ми се допаѓа што ги објави нашите приватни пораки во јавноста. Знаеш ли што е приватност”, веднаш го праша Меси Шпанецот.
„Но, Лео, ги заматив, не можеа да се видат“, одговори стримерот. Па што? Ибаи се обиде да ја смени темата и го праша Меси какво е чувството да ја освои својата осма Златна топка.
„Златна топка? Сега ја менуваш темата, кучкин сине“, низ смеа му рекол Меси, по што зборувал за освојување на „Златната топка“.