Ракомет
Металург славеше против Татран Прешов
Тимот на Металург синоќа со 31-30 го совладаа Татран Прешов во натпревар од СЕХА лигата.
Македонскиот вице-шампион водеше во текот на сите 60 минути и заслужено ги освои бодовите и ја прекина серијата порази.
Јагањац беше најдобар стрелец кај Металург со 9 постигнати голови, додека кај Татран најдобар беше Буторац со 11 гола.
Металург се наоѓа на седмата позиција по осум одиграни натпревари со 9 бода, додека Татран е втор со 15 поени. На првото место се наоѓа Вардар со максимални 24 поени.