Connect with us

Ракомет

Металург утре ги почнува зимските подготовки, в петок заминува во Франција

Од утре ракометарите на Металург им се враќаат на клупските обврски и ги почнуваат зимските подготовки.

Првиот тренинг во Автокоманда е закажан со почеток во 17.30 часот.

Но, Металург во Скопје ќе остане само два дена, бидејќи од 10 до 19 јануари ќе престојува и ќе се подготвува во Франција.

Металург најпрво оди во Клермон Феран, каде ќе одигра две пријателски средби со Ним (11 јануари) и со Кретел (14 јануари).

Централниот настан на нашата француска турнеја ќе биде учество на турнирот во Монлисон, каде ќе настапиме заедно со екипите на Спортинг, Шаран и на Данкерк.

Остатокот од подготовките Металург ќе ги мине во Скопје