Connect with us

Фудбал

Милан го запиша Жиру во листата на голмани, не е повеќе напаѓач (ФОТО)

На официјалната интернет страница, во делот на претставувањето на тимот, напаѓачот Оливе Жиру од вчера се наоѓа во делот на голманите. И натаму го носи дресот со бројот 9, но сепак тој е голмански и наместо кај напаѓачите, неговата фотографија и името стојат кај голманите. Ова секако е оригинална идеја на админот на Милан, бидејќи на последниот меч на гостувањето кај Болоња, Жиру застана на голот откако Мањан доби црвен картон, а немаше замена, бидејќи Пиоли претходно ги искористи сите пет можности за промена. Жиру имаше една успешна интервенција пред противнички играч и може да се каже дека со таа интервенција го сочува водството од 1:0 на Милан, што на крајот се покажа доволно за победа, нови три бода и лидерска позиција на табелата.