Connect with us

Фудбал

Милевски пред мечот со Ерменија: Го сакаме првото место!

Во пресрет на утрешниот натпревар од Лигата на нации против селекцијата на Ерменија, Благоја Милевски ја потенцираше важноста на средбата. Македонскиот селектор е сигурен дека репрезентативците ќе ги повторат страста и желбата со кои му пристапија на натпреварот против Летонија во Рига и повторно ќе се дојде до позитивен резултат.

„Кажав дека натпреварите меѓу Македонија и Ерменија ќе одлучувааат за првото место во групата и стојам зад таа изјава. Го следев натпреварот на Ерменците на Фарски Острови. Тимот е тој кој го знаеме, максимално го респектираме и засилено се подготвуваме.

Муслиу многу подобро се чувствува, но ќе видиме како ќе реагира по тренингот. Истото важи и за останатите, тимот ќе го одлучам по тренингот. Максимално се подготвуваме како и за секој ривал.

Пред почетокот на овој октомври циклус целта ни беше да останеме на првото место. Не е важно како ќе дојдеме до таа цел, треба само да ја оствариме. Целата подготовка е насочена кон Ерменија и како треба да изгледаме на терен. Не сакаме да мислиме на комбинации, за тоа ќе размислуваме во ноември.  Утрешниот меч ќе биде поинаков од тој пред три години, а и од последниот минатиот месец. Како да е судбина да играме против Ерменија, квалитетни се и нема да ги потцениме“, порача Милески.