Connect with us

Ракомет

Миркуловски: Тренинзите да ги искористиме за тактиката на Раул

Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска имаше собир во рамки на ЕХФ неделата, а репрезентацијата ќе тренира до сабота во СРЦ Кале. Македонија во овој период нема да игра контролни дуели како дел од стратегијата на селекторот Раул Гонзалез за претстојниот настап на Европското првенство 2018 во Хрватска.

– Со Раул одигравме четири натпревари, но немавме многу тренинзи. Сега ќе можеме да тренираме без притисок и да навлеземе во тактиката на Раул. Нема да имаме патувања ќе бидеме во Скопје, тоа може да биде добро да екипата и за кревањето на атмосферата за тоа што не чека во јанаури. Покрај тренинзите ќе имаме и доста слободно време заедно, па ќе може да се работи за уште поголемо подобрување на „хемијата“ во тимот. Ние знаеме што бара селекторот од нас, но ќе работиме на финеси, изјави еден од поискусните ракомети во репрезентацијата Филип Миркуловски.

Репрезентативците ќе имаат по два тренинга на ден, а поради повреда нема да биде присутен Ацо Јоноски.