Connect with us

Кошарка

Миротиќ со ултиматум до лидерите на клубот „Еден мора да замине, или јас или Портис, вие одлучувате“

Никола Миротиќ нема намера да игра за Булс додека Боби Портис е во тимот, објавија локалните медиуми во Чикаго.

Црногорецот со шпански пасош се уште се опоравува од последиците од нокаутот што го доживеа во конфликтот со неговиот соиграч. Чикаго го суспендира Портис на осум натпревари, но за Миротиќ тоа не е доволно.

Миротиќ постави ултиматум на лидерите на клубот, еден мора да го напушти Булс, Миротиќ или Портис.

Миротиќ потпиша двегодишен договор со Чикаго во вредност од 27 милиони долари, во кој постои клаузула за одбивање на трејд.