Connect with us

Фудбал

Мистеријата разрешена, еве која е тајната за победата од 9:0 на Лестер

Премиер лигата има уште еден податок за историја, тој беше испишан синоќа за време на натпреварот Лестер-Саутемптон.

Екипата на Лестер славеше со 9:0 на гости, а тренерот ја откри и причината и тајната за тој успех.

„На полувремето водевме со 5:0, но јас на играчите им реков да влезат во вториот дел како да е 0:0 и да продолжат да се борат. Им реков да излезат на терен и да покаѓат дека се добар тим. Мислам дека од меч во меч стануваме се подобри, а има и простор за уште напредок. Имаме млада екипа, уште сега се гледа дека имаме неверојатен менталитет, а во иднина самодовербата ќе биде на уште поголемо ниво“, рече Роџерс.