Кошарка
Митрашиновиќ: Се боревме до самиот крај!
На домашен терен, девојките на Марјан Лазовски со 52-61 загубија од седмата светска велесила, Италија.
„Задоволни сме од начинот на кој го одигравме овој меч, но видливо беше отсуството на капитенот Јелена Антиќ и повредените Тантуровска и Пејковска. Искрено, многу тешко е да се игра со само шест кошаркарки, но верувам дека ги оставивме срцата на терен и се боревме до самиот крај. Одбраната е нашето најсилно оружје, а сега ни преостанува да работиме на нашиот напредок пред останатите натпревари“, изјави нашиот бек.