Connect with us

Кошарка

МКФ планира да инвестира во сопствена сала

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) во своите планови за следниот период како главна цел има средствата на нивната сметка од 150.000 евра да се вложат во сала која ќе биде на трајно користење. За своите планови МКФ преку соопштение објавено на нивната интернет страница ја информираше јавноста.

– Изминатиот месец претседателот на Македонската кошаркарска федерација Петар Наумоски заедно со генералниот секретар Моника Гаврилоска остварија работна средба со новото раководство на Агенцијата за млади и спорт, односно со директорот Дарко Каевски. Наумоски и Гаврилоска на оваа средба добија прилика подетално да го запознаат новиот директор со ситуацијата во МКФ. Каевски беше запознаен со сите проблеми со кои се соочи раководството при преземањето на функцијата, но и со своите визии за иднината. На состанокот, раководството на МКФ побара поддршка од АМС за користење на веќе постоечки спортски сали, надвор од буџетот на што Федерацијата наиде на позитивен одговор од страна на Агенцијата, се наведува во соопштението.