Фудбал
Млада аргентинска ѕвезда стана шампион во Катар, а сега го чека трансфер во Наполи

Тиаго Алмада не играше многу на Светското првенство во Катар, но може да се пофали дека придонел за светската титула на Аргентина. Младиот напаѓач забележа шест минути во последниот натпревар од групната фаза против Полска (2:0) и со тоа заслужи медал.
Тој секако ја претставува големата надеж на „гаучосите“ за иднината, а неговото време допрва доаѓа. И во репрезентацијата, за која го постигна првиот гол на контрола против Панама во март, така и на клупската сцена. Веќе во првата сезона за Атланта, момчето кое порасна во Велез беше прогласено за најдобар дебитант во МЛС, но од следното лето може да се сврти кон многу поголем предизвик – да игра за Наполи.
Според локалното радио „Kiss Kiss“, 21-годишниот Тиаго Алмада е меѓу главните трансфер цели на претседателот Аурелио Де Лаурентис.
Со оглед на тоа дека Аргентинецот има договор со Атланта до 31 декември 2025 година, Италијанците ќе треба да платат одредено обештетување. Се споменува дека ќе изнесува 20.000.000 евра.
На шест натпревари во МЛС оваа сезона, Алмада веќе постигна четири гола и асистираше на пет. Тој беше изоставен од тимот против Торонто пред четири дена поради полесна повреда, иако Италијанците велат дека трансферот може брзо да се комплетира и можно е момчето од Буенос Аирес да не сака да ризикува повреда во последните денови како член на Атланта. .
Наполи е на пат да стане шампион на Италија по трет пат во клупската историја.