Connect with us

Ракомет

Младите македонски ракометари убедливи против Црна Гора на стартот од ЕП 2024

 Македонската репрезентација до 20 години со победа го започна настапот на Европското ракометно првенство 2024.

Денес во „СС Златорог Арена“ во Целје, Словенија, македонските ракометари славеа убедлива победа против селекција на Црна Гора со 31:21 во 1. коло А-група.

Во второто коло, утре во 12 часот, Македонија ќе се соочи со Хрватска. Во А-групата е и селекцијата на Австрија.

Европското првенство во Словенија ќе трае до 21 јули.