Connect with us

Фудбал

Мончи не мирува, Рома подготвува голем трансфер од Арсенал

Рома во своите редови донесе бројни играчи, но спортскиот директор Мончи се уште е активен и до крајот на преодниот рок планира се уште да тргува.

Гранит Џака наводно е следната мета на Мончи, кој ке се обиде да го доведе во Рома.

Наводно Рома и Арсенал веќе воспоставиле контакт, па репрезентативецот на Швајцарија до крајот на преодниот рок би можел да се слика со дресот на Рома и да биде пречекан во Рим.

Џака пред две години во Арсенал дојде од Борусија Менхенгладбах, а во некои периоди игра добро и стандардно, а потоа следува период во кој не игра доволно добро. Но сепак, останува да се види што мисли Унаи Емери за сето ова, колку тој планира да го користи Џака во наредната сезона.

Во секој случај, Рома би добила солидно засилување во средниот ред, но на таа позиција се обидуваат да го донесат и Стивен Н’Зонзи од Севиља.