Connect with us

Фудбал

Морбидно – Пееја „Боби е во кутија“ и се снимале! Манчестер Сити излезе со итно соопштение: Јунајтед, извинете! (ВИДЕО)

Навредливите скандирања на навивачите на Манчестер Сити за покојната легенда на Манчестер Јунајтед и Англија, Боби Чартлон, ги шокираа сите во земјата. Тие ја отпеаја „Bobby’s in the box“, алудирајќи на смртта на најголемиот фудбалер на Островот, кој почина минатиот викенд на 87-годишна возраст.

Манчестер Сити поради тоа испрати извинување до семејството на славниот репрезентативец на Јунајтед, по шокантните извици кои се слушнаа на натпреварот помеѓу Сити и Брајтон. Од „Граѓаните“ најавија и дека дополнително ќе го истражат случајот и темелно ќе соберат информации за се што се случило.