Connect with us

Фудбал

Мурињо соопшти тажни вести за навивачите на Манчестер

Навивачите на Манчестер Јунајтед се надеваа на уште некое засилување до крајот на преодниот рок, но од тоа нема да биде ништо.

Тренерот на оваа екипа Жозе Мурињо, на денешната прес конференција по повод утрешниот натпревар од Премиер лигата против Лестер Сити, па во таа прилика кажа дека клубот нема да донесе ниту еден играч во последниот ден од преодниот рок.

„Време е да се престане да се мисли за трансферите затоа што моите последни информации велат дека Манчестер Јунајтед нема веќе да носи нови играчи“, кажа Мурињо.

Секако, оваа информација ги разочара навивачите на „Црвените ѓаволи“ кои сметаат дека клубот нема доволно квалитет за да му се спротивстави на Манчестер Сити во Борбата за титулата, а тоа го покажаа и пријателските натпревари во кои екипата делуваше потполно без идеја.