Connect with us

Фудбал

Мурињо: Залуден им е филмот, кога не можат да купат класа

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Хозе Мурињо повторно ги предизвика градските ривали Манчестер Сити.

“Сите или ништо” е документарец во кој Манчестер Сити сакаше да го претстави својот успех од минатата сезона, но Мурињо смета дека парите не можат да купат класа.
“Можете да направите фантастичен филм, а во исто време да ги почитувате другите, не мора да покажете непочитување. Може да бидете богат клуб и да ги купите најдобрите фудбалери во светот, но не можете да купите класа, а тие тоа јасно го покажаа. Тоа беше навистина очигледно “, рече Мурињо, додавајќи:

“Минатата сезона се стававме во тешка ситуација, бидејќи ако сакаш подобро, треба да завршиш на прво место. Кога читаш што е напишано, понекогаш се чини дека ја завршивме сезоната на шесто или седмо место и дека сите се подобри од нас. Ние бевме други “, рече португалскиот тренер.