Connect with us

Кошарка

МЗТ Скопје Аеродром се пријави за настап во Лигата на шампионите на ФИБА

МЗТ Скопје Аеродром во новата сезона посакува да биде дел од Лигата на шампионите. Откако не успеа да обезбеди пласман во првата аба конкуренција, управата на металците одлучила да го пријави тимот во европското натпреварување под знакот на ФИБА.

Во тек се промените во ростерот на Ѓорѓи Кочов. Од Аеродром ќе си заминат Лестер Медфорд и Џејмс Вудард но ќе има нови засилувања на позициите на двајцата американци.

МЗТ Скопје оваа сезона ја заврши со освојувањето на титулата во домашното првенство со 3:0 против Работнички во финалната плеј оф серија.

1ТВ