Connect with us

Кошарка

МЗТ Скопје гостува кај Игокеа

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва гостува во Александровац кај Игокеа во последниот натпревар од 4.коло на регионалната АБА лига.

„Штрковите“ на овој дуел влегуваат по серијата од три порази, два во АБА и еден во домашното првенство.

Игокеа е фаворит и со евентуална победа ќе се изедначи со водечките на табелата Црвена ѕвезда и Будуќност.

Почетокот на натпреварот е закажан за 21 часот.