Фудбал
Н’Зонзи побара трансфер од Севиља
Барселона и Рома водат нова “војна”.
Откако Каталонците од пред носот на Рома му го зедоа Малком, овие две екипи сега водат борба за потпишување на францускиот репрезентативец Стивен Н’Зонези.
Овој брилијантен играч од средниот ред побара трансфер од Севиља, а тоа го потврди директорот Хоакин Капарос.
“Н’Зонзи сака да оди, но знае дека тој има уште две години од договорот. Разговарав со него и секој кој го сака мора да ја плати клаузулата на договорот. На продажба е, но понудата мора да биде многу добро”, рече Капарос.
Парите за Барселона и Рома не се проблем. Имаат повеќе од доволно за да ги донесат играчите кои ги сакаат, а Н’Зонзи во новата сезона може да го гледаме во дресот на еден од овие тимови.
Французинот е играч на Севиља три години, играше 135 натпревари и постигна осум гола.