Connect with us

Фудбал

На Чеферин му е гајле што фудбалерите се жалат за големиот број мечеви-Со штрајк се закануваат оние кои најмногу заработуваат

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, им одговори на бројните големи фудбалски ѕвезди кои се жалат на преголемиот број натпревари што треба да ги одиграат во текот на една сезона.

Најголем поборник за намалување на бројот на натпревари беше најдобриот играч на светот Родри, кој изјави дека играчите се подготвени за голем штрајк. Само неколку дена по таа изјава Родри заработи тешка повреда со која заврши неговата сезона, но Чеферин не е премногу загрижен поради тоа.

„Признавам дека календарот на натпревари е преполн и мислам дека ја достигнавме границата. Сепак, некои клубови се преоптоварени, а некои имаат доволно играчи“, рече Чеферин и додаде:

„Но, она што е интересно е дека за штрајкот најмногу зборуваат најплатените играчи и клубовите кои имаат 25 врвни играчи. Од друга страна, фудбалерите со помали плати или клубовите со помал персонал не се жалат. Тие едноставно сакаат да играат фудбал. “, рече Чеферин.