Connect with us

Ракомет

На ЕП во Хрватска првпат ќе се користи видеотехнолгија во ракометот

До почетокот на Европското првенство (ЕП) во ракомет во Хрватска остануваат уште два дена, а денеска на службената страница на Европската ракометна федерација (ЕХФ) беше објавено дека контитенталното првенство во Хрватска ќе биде прво на кое ќе се користи видеотехнологија.

Ваква видеотехнологија е слична која се применува во тунис, кошарка, а во последно време и во фудбалот.

Видеотехнологијата во спортот се користи за да се избегнат несаканите судски грешки кои некогаш може да влијаат на исходот на натпреварот.

Оваа технологија се покажа како ефикасна во тенисот и во кошарката, така што почна да се шири и на други спортови.

Станува збор за видотехнологија која ќе се користи на гол-линијата за да можат судиите со стоотстотна сигурност да кажат дали топката ја минала линијата, односно дали е постигнат гол.