Connect with us

Фудбал

На “Олд Трафорд” веќе не почитуваат легенди: Сер Алекс Фергусон доби отказ од Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед во последните години е синоним за познат клуб каде „не се знае кој пие, а кој плаќа“, а дека не функционираат само на теренот покажува и најновиот потег на сопствениците на клубот, предводени од милијардерот Џим Ретклиф.

Како што пренесува угледниот The Athletic, Сер Алекс Фергусон, најголемиот тренер во историјата, добил отказ од Манчестер Јунајтед, каде што беше глобален амбасадор во последните години. Ретклиф, директорот на хемискиот конгломерат Инеос, го известил легендарниот 82-годишник дека повеќе нема да биде на платниот список на клубот.

Фергусон е еден од 250-те вработени кои беа отпуштени во клубот од „Олд Трафорд“. Иконскиот Шкотланѓанец ги водеше „црвените ѓаволи“ од клупата од 1986 до 2013 година и освои 13 титули во Премиер лигата, пет ФА купови и два трофеи во Лигата на шампионите, а навивачите се огорчени од непочитувањето на Ретклиф кон една од, ако не и најголемата  легенда на клубот.