Connect with us

Фудбал

На работ на бизарното: Тотенхем нема каде да го угости Манчестер Сити

Тотенхем денес потврди дека нивниот нов стадион нема да биде подготвен за новата сезона во Премиер лигата и дека овој тим ќе игра на Вембли до крајот на годинава.

Во Тотенхем, беа сигурни дека стадионот ќе биде подготвен до 15 септември и ќе се натпреварува против Ливерпул, но тоа нема да се случи. Стадионот се уште не е завршен, а играчите на Тотенхем ќе бидат принудени да играат на Вембли до крајот на оваа година и се надеваат дека стадионот ќе биде завршен што е можно поскоро.

Сепак, се појави уште еден неочекуван проблем за лондонскиот клуб. Тотенхем на 28 октомври треба да биде домаќин на Манчестер Сити, но сега не е познато каде ќе се одигра овој натпревар, бидејќи Вембли веќе е резервиран за тој ден. Тој ден на Вембли, се игра натпревар од НФЛ првенството, Филаделфија Иглс и Јаксонс Јагуарс.

Според англиските медиуми, ФА може да донесе одлука да се игра на Етихад, а Сити ќе биде домаќин, а следниот натпревар Тотенхем ќе биде домаќин. Сепак, сеуште нема официјални информации за овој проблем за Тотенхем.