Connect with us

Фудбал

„Најдобриот играч во Бреша вреди 300 милиони“

Јувентус, Интер и Милан се заинтересирани за талентираниот Сандро Тонали. Тие велат дека тој е новиот Пирло.

Ќе биде тешко овој фудбалер да остане во актуелниот клуб со оглед на тоа што голем број на глубови веќе се интересираат за него.

Селино, првиот човек на Бреша, има желба да го задржи талентираниот играч за врска кој има 19 години. Тој смета дека Тонали би требало да потпише долгорочен договор со Бреша и дека ако се пресели во друг клуб би можел да седи на клупата за резерви.

Селино тврди дека Тонали вреди 300 милиони евра, нагласувајќи дека не сака да го продаде, но играчот го интересира играњето на големата сцена, а тоа Бреша не може да му го даде, па поради тоа е тешко да се очекува дека ќе остане.