Connect with us

Тајмаут

Нападот врз Ковачевиќ било предупредување

Нападот врз поранешниот фудбалер Дарко Ковачевиќ пред неговата куќа во Атина најверојатно бил предупредување, шпекулираат грчките медиуми.

Според грчките медиуми, Ковачевиќ бил ранет во ногата, а фактот дека напаѓачот не пукал да го докрајчи кога Србинот бил на земја говори дека станува збор за предупредување. Како што пренесува „еникос.гр“, пукачот му рекол на фудбалерот дека ова е предупредување.

Дефинитивно не станува збор за грабеж, но според околностите се чини дека ова е предупредување до Дарко Ковачевиќ. Тој и кажал на полицијата дека нема непријатели во Грција, но Дарко паднал на земја, се обидел да побегне, а напаѓачите не тргнале по него. Се чини дека е испратена порака за предупредување, пренесуваат дел од грчките медиуми.

Српската фудбалска легенда, по завршување на професионалната кариера беше и директор на „Олимпијакос“, како и скаут на клубот, кратко време бил во Србија и во ФФС, а сега се вратил во Атина.