Connect with us

Фудбал

Напаѓачот на Арсенал пред потпис со Јувентус

Арсенал и Јувентус се блиску до завршување на еден интересен трансфер.

Топџиите се подготвени на Старата дама од Торино да му го продаде 20-годишниот напаѓач Стефан Мавидиди, кој не успеа да се избори за статус на првотимец как Унаи Емери.

Мавидиди е подготвен да ја продолжи својата кариера во редовите на гигантот од Торино. Договорот треба да се заврши до утре и 20-годишен фудбалер ќе носи црно-бел дрес.

Сепак, овој играч нема да има шанса да игра во првиот тим. Јувентус веднаш ќе го препрати во младиот тим кој ќе се натпреварува оваа сезона во Серија Ц.

Овој тим има играчи кои се кандидати за првиот тим и кои се под 23 години и ќе имаат шанса да се докажат во третиот ранг на италијанскиот фудбал.

Мавидиди помина низ младинската селекција на Англија, а минатата сезона беше позајмен во екипата на Чарлтон.