Connect with us

Фудбал

Наполи донесе десен бек од Франција

Наполи денеска преку официјалната страна денеска го претстави новото засилување за наредната сезона.

Имено, во прашање е 27-годишниот француски фудбалер Кевин Малкуит кој игра на позицијата бек, а доаѓа од Лил за кој настапуваше минатата сезона.

Малкуит потпиша договор на четири години во вредност од 13 милиони евра, меѓутоа таа бројка со бонусите може и да порасне.

Во минатата сезона Малкуит за Лил одигра 23 натпревари.