Connect with us

Фудбал

Наполи му посака добредојде на Елиф Елмас

Елиф Елмас и официјално е дел од Наполи. Македонскиот репрезентативец од Фенербахче се пресели во италијанскиот клуб за 16 милиони евра. Елмас потпиша петгодишен договор со кој ќе заработува нешто повеќе од 2 милиони евра по сезона.

Наполи на своите социјани мрежи го објави трансферот. Елмас вчера ги мина лекарските прегледи, а доцна синоќа пристигна во тренинг кампот на тимот од Неапол, а од денеска ќе почне да тренира.