Connect with us

Други спортови

Навивач кој се обложол на Сент Луис доби 100 илјади долари

Љубителот на хокеј Скот Бери од Мисури, во јануари се обложил дека Сент Луис ќе го освои Стенли купот. Тој вложил 400 долари, а сега ќе добие 100 илјади.

Во моментот на обложувањето на Бери, Сент Луис беше на последното место во лигата, а соодносот за трофејот беше 250 на 1.

Бери ги вложил парите кога бил во Лас Вегас. Тој првично имал намера да игра во казино, но одлучил д аги стави на облог за триумф во Стенли купот.

  • Кога го ставив облогот сите ми велеа: „О Боже, еден од најлошите тимови во лигата. Дали навистина го направивте тоа? Јас одговорив: Никогаш не се знае. Ова е хокеј, изјави Бери за „USA Today“.

Сент Луис ноќеска во решавачкиот меч за трофејот го победи Бостон на гостински терен со 4:1 и со вкупни 4-3 во серијата го освои Стенли купот.