Connect with us

Тајмаут

Навивач на МЗТ ја запроси девојката на полувреме од финалето, а таа кажа – ДА! (ВИДЕО)

Полувремето од првиот финален меч од плејоф-серијата помеѓу Работнички и МЗТ Скопје донесе емотивен момент, кога кошаркарите на домашниот тим на терен се појавија со транспарент на кој пишуваше „Сања, редно е да кажеш ДА“.

Тоа всушност беше запросување од страна на еден од најголемите навивачи на „металците“ со најголем стаж, Димитар Најдановски-Дифтар, кој на овој начин, пред своите другари од трибината и останатите кошаркарски вљубеници сакаше да ја побара раката на својата долгогодишна девојка.

Одговорот беше позитивен, за ерупција на трибината каде што се најверните навивачи на МЗТ, а честитки имаше и од спротивниот табор, од фановите на лутиот ривал Работнички.

Запросување на финалето

Gepostet von Македонија е нашата татковина am Samstag, 8. Juni 2019

Извор: Sport1.mk