Connect with us

Фудбал

Навивачите на Челзи бесни поради договорот на Ковачиќ – Па, каде е клучната клаузула?

Челзи вчера го претстави новото засилување – Матео Ковачиќ.

Ковачиќ дојде од Реал Мадрид на позајмица како дел од договорот за заминувањето на голманот Тибо Куртоа.

Сепак, навивачите не „Плавите“ не се задоволни затоа што слушнаа дека во договорот за позајмицата недостасува клучната клаузула. Како што дознава „The Times“, во договорот не постои опција за откуп на договорот по истекувањето на позајмицата.

Значи, тој се уште е играч на Реал Мадрид и „Кралевите“ имаат потполно право над него и после оваа сезона, без оглед дали ќе добра сезона во Челзи. Тоа може скапо да ги чини „Плавите“, посебно ако Ковачиќ добро се вклопи во нивниот тим.

Значи, тие немаат договорена цифра со Реал по која би можеле да го купат Хрватот наредното лето, па сега Реал држи се во свои раце и ќе го продаде Ковачиќ само ако тоа го сака Флорентино Перез.

Многумина мислат дека Реал помина многу подобро во оваа трампа од англиската екипа.