Connect with us

Фудбал

Навивачите немаа милос: Куртоа на крајот мораше да ја избрише прошталната порака

Белгискиот голман Тибо Куртоа од Челзи се пресели во Реал Мадрид, но минатата ноќ тој ја искористи можноста да преку социјални мрежи каже збогум на навивачите на тимот од Лондон.

Тој, меѓу другото, се заблагодари на сите во клубот за прекрасните моменти поминати таму, но исто така, рече дека една од главните причини за напуштање се децата, за да биде поблиску до своите деца кои се во Мадрид.

Меѓутоа, многу фанови на Челзи не му се допадна фактот дека Куртоа заминува.

По бројни негативни коментари, белгискиот голман беше принуден да го избрише пост.

Иако разделбата со Челзи беше пријатна, веруваме дека Куртоа се расположи кога ќе биде претставен во Реал Мадрид.