Connect with us

Фудбал

Навивачите тагуваат, ништо од „последниот танц“ на Роналдо и Меси (ФОТО)

Фудбалскиот натпревар кој сите со нетрпение го очекуваа, а кој утре ќе го одиграат Ал Наср и Интер Мајами, нема да биде она што сите го чекаа, а требаше да биде, веројатно последниот дуел меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Ал Наср и Интер Мајами договорија пријателски натпревар да се одигра утре во Кингд арената во Ријад, а натпреварот беше окарактеризиран како „последен танц“, бидејќи Меси и Роналдо требаше да се сретнат лице в лице. Но, ништо  од тоа. Причината е повредата на Роналдо, а информацијата само што официјално ја потврди тренерот на Ал Наср, Луис Кастро.