Connect with us

Кошарка

НБА „Ол-стар“ викендот во 2021 ќе се одржи во Индијанаполис

НБА „Ол-стар“ во 2021 година ќе се одржи во Индијанаполис, соопштија денеска од НБА.

Егзибицискиот натпревар ќе се игра во „Банкерс Лајф Филдхаус“ арената и ќе биде прв „Ол-стар“ викенд во овој град по пауза од 36 години, односно од 1985 година.

Идната година „Ол-стар“ викендот ќе се одржи во февруари во Лас Вегас, додека Шарлот ќе биде домаќин во 2019година. Во 2020, кошаркарскиот викенд на ѕвездите ќе биде во Чикаго.