Connect with us

Фудбал

Некогаш играл за Арсенал и Барса: Неочекуван трансфер на Алекс Сонг

Поранешниот фудбалер на Арсенал и Барселона, Алекс Сонг потпиша за швајцарскиот Сион.

Триесетгодишниор Камерунец имал светла иднина, играше во голем клуб како Барселона и Арсенал, но сега сепак е далеку од тоа ниво на фудбалот, па својата кариера ја продолжи во Сион.

По Бастија, Арсенал и Барселона, тој отиде во Вест Хем да ја оживее својата кариера, па во Рубин, а сега како слободен играч заминува во Швајцарија.

За националниот тим на Камерун постигна 49 настапи, но во 2015 година тој се повлече од репрезентацијата.