Connect with us

Фудбал

„Нема потреба од одмор, еден ден ќе биде најдобар на светот“

Ламине Јамал никогаш не запира, па се очекува да настапи од првата минута во среда на натпреварот кој Барселона ќе го одигра во Ла Лига против Хетафе. Тренерот Ханси Флик го најави присуството на 17-годишникот на теренот на прес-конференцијата.

„Ќе видиме дали ќе одмори или не. Во моментов се чини дека не е потребно. Тој е добро и се чувствува добро.

Сепак, ќе ја процениме неговата состојба, но мислам дека ќе биде на теренот, бидејќи и тој треба да игра. Ќе играме дома и мора добро да го започнеме натпреварот, со најдобра формација“, изјави Флик.

Понатаму, тренерот на Каталонците додаде:

„Јамал прави неверојатни работи, како и другите играчи. Мора да продолжиме со овие игри“.

На прашањето од новинарите дали Јамал е најдобар на светот, тој одговори:

„Верувам дека квалитетот нема врска со годините. На негова возраст прави неверојатни работи, може да стане најдобар во иднина. 100% сум сигурен во тоа“, рече Флик.