Connect with us

Фудбал

Никаков камбек на Санчез

Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, сака по секоја цена да стави крај на соработката со чилеанскиот интернационалец, Алексис Санчез.

Крилниот напаѓач моментално настапува како позајмен играч во дресот на италијанскиот калчо гигант Интер, но од Милано нема никаков сигнал дека „нероазурите“ сакаат да го откупат неговиот договор на крајот од актуелната сезона.

Доколку не биде постигнат договор со Интер, Санчез веднаш ќе биде понуден на некој друг клуб | Вечер