Connect with us

Фудбал

Ница ќе го раскине договорот со својот талент поради кражба на часовник

Младиот фудбалер Мохамед Ламин Диаби е осомничен за кражба на луксузен часовник на неговиот соиграч, Данецот Каспер Долберг, кој пред почетокот на сезоната пристигна од Ајакс. Случајот е пријавен во полиција, истрагата трае, а менаџерскиот тим на Ница имало докази дека крадецот е токму Диаби.

Она што е сигурно е дека против него ќе има дисциплинска мерка, а францускиот Л’Екип објави дека постои можност да му биде раскинат договорот.

Диаби кој има 18 години, ги поминал младинските селекции на тимот, како и младинските селекции на репрезентацијата на Франција.