Connect with us

Ракомет

Норвешка прв финалист на Светското првенство за ракометарки

Ракометарките на Норвешка се првиот финалист на Светското првенство кое што се игра во Германија откако во полуфиналето беа подобри од селекцијата на Холандија.

Со убедливи 32:23 Норвежанките го изборија плсманот во финалето. По првите 15 минути, тие водеа со 10:2 со што веќе беше јасен победникот и успеаја да го задржат водството до крајот на натпреварот.

Најефикасна беше Нора Мерк со осум постигнати голови.