Connect with us

Кошарка

Нов пораз на Оклахома

Српскиот интернационалец Никола Јокиќ ја одбележа изминатата ноќ во НБА лигата. Центарот на Денвер постигна рекордни во кариерата 41 поен во победата на својот тим против Бруклин со 112:104. Јокиќ средбата ја заврши со „дабл-дабл“ учиник, бидејќи на 41 поен придодаде и 12 скокови.

Иако тимот на Оклахома сезонава важи за претендент за највисок пласман сепак „Тандерси“ се одново поразени. На гостувањето во Сакраменто, Оклахома загуми од „Кингси“ со 94:86. Ударното трио на Оклахома, Вестбрук-Ентони-Џорџ беше далеку од очекуваното иако Расел Встбрук средбата ја заврши со 20 поени, 12 скока и 6 асистенции, Кармело Ентони придодаде 16, а Пол Џорџ 12 поени.

Вице-шампионот Кливленд во интересна завршница го совлада Милвоки со 124:119. Кевин Лав дуелот го заврши со 32 поени и 16 скока, додека Леброн Џејмс имаше 30 поени, девет асистенции и осум скока. Кај Милвоки, а воедно и на натпреварот најефикасен беше Јанис Антетокуомпо со дури 40 поени.

На останатите натпревраи одиграни ноќеска во НБА лигата, беа постигнати следниве резултати: Индијана – Њу Орлеанс 112:117, Вашингтон – Далас 99:113, Њујорк – Шарлот 118:113, Торонто – Чикаго 119:114, Сан Антонио – ЛА Клиперс 120:107, Јута – Филаделфија 97:104, Портланд – Мемфис 97:98.