Connect with us

Ракомет

Нов рекорд на Вардар во СЕХА, прва екипа со 100 победи во истото натпреварување

Екипата на Вардар е првата која стигна до 100 победи во регионалната ракометна Сеха лига. „Црвено-црните” јубилејниот 100. триумф го остварија вчеравечер во Нашице против Нексе.

За вардарци тоа беше 132 одигран натпревар во СЕХА лигата.
Сезонава Вардар има осум победи, или 14 по ред вклучувајќи ја завршницата од минатата сезона.

На досегашните 132 натпревари во СЕХА, Вардар има постигнато 3.963 гола, а примено 3.379, со просек од 30 постигнати голови по натпревар.
Македонскиот првак е еден од четирите тима во СЕХА лигата што играат од самото основање на лигата од сезоната 2011/2012. Вардар е еден од двата тима што играл на сите досегашни Ф4 турнири. Од тоа петпати играл во финале, и трипати победил, рекорд што досега ниту една друга екипа го нема постигнато.

До крајот на годината Вардар ќе одигра уште три натпревари во СЕХА Газпром лигата. На 5 декември со Војводина, на 9 декември против Металург, а на 13 декември гостуваме во Словенија кај Горење.

Актуелниот македонски, европски и регионален шампион во моментов има серија од 18 натпревари без пораз од кои осум се во СЕХА Газпром лигата, девет во ЕХФ лигата на шампионите и еден меч во домашниот Супер Куп