Connect with us

Фудбал

Новата сезона во Ла Лига започнува на 12 август, Барселона во првото коло го чека Хетафе

Новата сезона во шпанската фудбалска Ла Лига започнува на 12 август, а во првото коло актуелниот шампион Барселона на Ноу Камп ќе го пречека Хетафе, додека Реал Мадрид во Билбао ќе му гостува на Атлетик Билбао, соопштено е денеска на официјалната веб-страница на натпреварот.

Во останатите натпревари од првото коло од новата сезона во Ла Лига ќе се сретнат Алмерија – Рајо Ваљекано, Атлетико – Гранада, Селта – Осасуна, Севиља – Валенсија, Лас Палмас – Мајорка, Виљареал – Бетис, Сосиедад – Жирона и Кадиз – Алавес. .

Првото „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал е закажано за 29 октомври во 11. коло од Ла Лига на Ноу Камп, додека вториот дуел меѓу овие две екипи ќе се одигра на 21 април следната година во Мадрид во рамките на 32. коло на шпанското првенство.