Connect with us

Ракомет

Обложувалниците „велат“: Македонија вечерва победува!

Вечерва ракометната репрезентација на Македонија игра за прв пат официјален натпревар против селекцијата на Црна Гора. Според обложувалниците победата на Македонија над Црна Гора е неминовна.

Односно ако ги анализираме коефициентите за Македонија и Црна Гора, може да сфатиме дека имаме сигурна победа вечерва.

Натпреварот се одигрува во арената во Загреб, а закажан е за 20.30 часот.

Доколку ја победиме Црна Гора во денешниот натпревар од второто коло од групата Ц на Европското првенство ќе обезбедиме учество во главна фаза.