Connect with us

Фудбал

Oдигра само 132 минути за ПСЖ, но продал повеќе дресови од Мбапе!

Францускиот новинар Абделах Булма ја откри листата на најпродавани дресови од продавницата на Пари Сен Жермен.

Иако многумина би помислиле дека најголема побарувачка има опремата што ја носи Килијан Мбапе, всушност тоа не е така. Најпродаваниот дрес е на Ли Канг Ин.

– Јужнокорејецот Ли Канг-ин е играчот на ПСЖ со најмногу продадени дресови со неговото име. Малку зад него е Мбапе – објави Булма.

Причината, меѓу другото, лежи во фактот што вистинска еуфорија владееше во Јужна Кореја во јули, кога тој од Мајорка пристигна во Пари Сен Жермен. Тогаш поради неговото име се создаваа редици пред продавниците, а 70 отсто од продадените во Сеул го носат неговото презиме.

– Доаѓањето на Ли ќе ни овозможи да се прошириме во Јужна Кореја и низ Азија. Тој е првиот голем азиски играч кој играл за ПСЖ. Очигледно тоа ќе ни помогне во тој регион – изјави Себастијан Васелс, еден од директорите на „Светците“.

Сепак, ваквата еуфорија не е поткрепена со она што се случува на теренот, Ли одигра само 132 минути бидејќи набрзо по пристигнувањето во Париз се повреди.