Ракомет
ОДЛИЧНИ ВЕСТИ: Миркуловски е добро и ќе се бори утре против Црна Горна
Попладнево, Македонската ракометна репрезентација во салата „Дом Спортова“ го одработи својот тренинг на кој како што беше речено Филип Миркуловски се чувствува добро и подготвено за утревечер да се спротистави на Црногорците.
Од лекарскиот тим на Македонија велат дека се работи за мала повредна и дека Миркуловски тренирал на вечерашниот тренинг.
Миркуловски повредата ја доби на вчерашниот натпревар против Словенија.
Македонија утре ќе ги одмери силите со Црна Горна, а натпреварот е закажан за 20.30 часот во Спаладиум арената.