Connect with us

Фудбал

Одложен натпреварот Косово-Русија поради безбедносни причини

Поради безбедносни причини одложен е натреварот меѓу Косово и Русија, информираат од УЕФА.

Од таму додаваат дека денеска испратиле писмо до двете репрезентации со кое ги известуваат дека е донесена одлука за квалификацискиот натпревар за Европскиот шампион меѓу женските селекции на Косово и Русија да биде одложен.

Двете селекции овој меч требаше да го одиграат на 4 октомври во Приштина.