Connect with us

Кошарка

Одржан првиот тренинг на македонската репрезентација за претквалификацискиот циклус за СП 2019

Денеска се одржа првиот тренинг на македонската кошаркарска репрезентација за претквалификацискито циклус за СП 2019, каде што учествуваа 15 репрезентативци.

На тренингот не учествуваше Ѓорѓи Чековски, кој вчера за работи повреда, а Бојан Трајковски го напушти теренот и нема да биде на располагање за натпреварите со Словачка и Швајцарија поради повреда.

 Ќе видиме каква е повредата на Чековски, па ќе решиме што и како со неговиот статус во репрезентацијата, а дефинитивно ќе играме без странец. За Трајковски, пак, знам дека треба да биде во екипата, а зошто не тренира сега навистина не знам. Ќе видиме деновиве каква ќе биде ситуацијата поврзана со него. Репрезентацијата ќе биде подмладена, со играчи кои во иднина ќе треба да бидат во улога на лидери, изјави Давитков.

Македонија на 23 ноември ќе и гостува на Словачка, а на 26 е домаќин на Швајцарија.