Connect with us

Ракомет

Официјалниот коментатор на ЕХФ ја поздрави победата на Македонците: Слобода, изразување, талент, моќ и возбуда

Официјалниот коментатор на ЕХФ, Том О’Бранаган ја поздрави победата на македонскиот ракометен тим во Загреб, оценувајќи дека има голема разлика откако тимот е под раководство на селекторот Раул Гонзалес.

https://twitter.com/obrannt/status/952268028137410560

„Разлика во македонскиот состав под водство на Раул. Слобода, изразување, талент, моќ и возбуда“, напиша Том О’Бранаган на Твитер.

Македонија вчера оствари победа над Словенија (25-24) во првиот меч на европскиот шампионат во Хрватска.