Connect with us

Фудбал

Официјално – Јунајтед го потврди првото заминување

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед денеска го потврди заминувањето на Дони ван де Бик.

Остатокот од сезоната ќе го помине на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт, кој ќе има право да го купи следното лето.

Ајнтрахт ќе преземе поголем дел од платата на Ван де Бик, а во случај да сака да го купи ќе треба да плати 11 милиони евра и дополнителни три преку можни бонуси.

Ван де Бик одамна не е во плановите на Ерик тен Хаг и неговиот трансфер беше очекуван.

Не е невозможно Рафаел Варан да го следи, повеќе за тоа ТУКА.