Connect with us

Ракомет

Официјално: Штербик од 1 јули 2018 ќе брани за Веспрем

Унгарски Веспрем и официјално потврди дека потпиша двегодишен договор со својот поранешен голман, а актуелен чувар на мрежата на Вардар, Арпад Штербик.

38-годишниот Штербик за Европскиот првак ќе брани до крајот на сезоната, а од 1 јули 2018, па се до 30 јуни 2020-тата ќе го носи дресот на Веспрем.

Во изјава за клупскиот сајт на Веспрем изјави дека со задоволство ја прифати понудата, потсетувајќи се на одличните денови поминати во унгарскиот првак, кога за прв пат потпиша во 2001-та и бранеше следните три сезони, пред да замине во Шпанија во Сиудад Реал а потоа и во Атлетико Мадрид. Во 2011-тата се пресели во Барселона, а од 2014-та е голман на Вардар. Со нашиот првак секоја години во низа го освојува купот и домашниот шампионат. Минатата сезона со Вардар се закити со титула од СЕХА лигата, но и најдрагоцената Европска, од Лигата на шампионите, пишува ТВ 24.